Поврзете се со нас

АТП

Синер ги оствари најавите и се повлече од четвртфиналето во Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Јаник Синер го победи Карен Хачанов во три сета и успеа да го пронајде патот до четвртфиналето, но самиот најави дека може воопшто да не се појави на утрешниот меч со Оже Алијасим.

За жал, оваа вечер Италијанецот ја потврди лошата најава и соопшти дека нема да излезе на терен, сето тоа како резултат на повреда која не сака да ја влоши со евентуално форсирање.

Синер е најдобар светски тенисер во 2024-та година и сигурно ќе беше главен фаворит за титулата во ситуација кога испадна Алкарас, но сега и тој е надвор од ждребот во „Магичната кутија“ во Мадрид.

– Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Мадрид како резултат на повреда на десниот колк. Поради тоа, тој нема да излезе утре не теренот за чевртфиналето против Феликс Оже Алијасим, – гласи објавата на турнирот.

На овој начин, Феликс без борба стана вториот полуфиналист на турнирот во Мадрид, рунда во која ќе го чека подобриот од мечот меѓу Медведев и Лехечка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни