Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Видео на годината: Карагер го интервјуираше Санчо после 8 испиени кригли пиво со фановите на Борусија

Објавено

на

Шоуто на „Си-Би-Ес“ се издвои како убедливо најзабвно во Лигата на шампионите и големите фудбалски ѕвезди почнаа да уживаат да бидат соговорници на големи фудаблски легенди како Анри, Карагер, Ричардс, Шмајхел и Дел Пјеро, но по се изгледа, вчеравечер било направено најлудото интервју во најелитното натпреварување оваа сезона.

Џејдон Санчо одигра неверојатен натпревар против ПСЖ и беше посебно фален од сите актери во студиото на „Си-Би-Ес“, но шоуто го украде Џејми Карагер кој овојпат беше на трибините, а потоа и во микс-зоната.

Легендата на Ливерпул имала незаборавна вечер на „Сигнал Идуна парк“ и од прво лице го искусил „жолтиот ѕид“, а покрај тоа што си стекнал нови пријатели, откри дека малку претерал и со алкохолот.

Карагер во живо откри дека испил осум кригли пиво, но и покрај тоа собра храброст да го интервјуира англискиот репрезентативец.

Додека тој го правеше тоа, присутните во студиото се прскаа од смеа……

– Добра ти е поентата, со оглед на тоа што немам јадено многу. Јадев чизбургер во 14:30 часот кога дојдовме во хотелот и може ќе ви биде појасно зошто голтам зборови…., – изјави Карагер, откако Кејт Абдо го праша дали е доволно трезен за да го води интервјуто.

– Испив околу осум кригли заедно со луѓето од „жолтиот ѕид“, си добив ново семејство тука, нови пријатели, па учествував и со пари на полувреме. Ова беше мое прво искуство на „жолтиот ѕид“ и ова беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, навистина неверојатно, – порача Карагер, кој на крајот побара од Санчо да му се придружи и заедно да пијат пиво.

Крилниот фудбалер го одби таквиот предлог и посочи дека воопшто не пие, па порача дека не би го правел тоа и ако се пласира во финалето со неговиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни