Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Не сакам да губам, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Карлос Алкарас остана без посакуваното полуфинале на Мастерсот во Мадрид или поточно на тој пат му застана Андреј Рубљов кој го доби со пресврт со 2-1 во сетови.

Шпанецот поведе со 1-0 во сетови со 6-4, но потоа доби вистински одговор од Русинот кој заблеска и со 6-3 и 6-2 обезбеди место во наредната рунда во која за ривал ќе го има Тејлор Фриц.

-Ова беше тежок ден за мене. Долгиот и интензивен натпревар против Штруф имаше последици. Се разбудив со воспаление по целото тело. Плус имам настинка. Сепак, главната работа е што сум психички послаб од нормалното. Ми пречи кога се гледам себеси како правам глупави грешки. Кога имам шанса за брејк, на пример. Мора да го користиш тоа малку што ти го даваат вакви играчи. Морам да бидам посилен во тој поглед,.

-Играше многу добро. Неговиот сервис беше неверојатен. Ми даде неколку можности кои не ги искористив. Тоа беше клучот на овој натпревар. Неговиот настап би го оценил како извонреден, -рече Алкарас кој се мачи се мачи со повреда на десната подлактица.

-Видете, еден ден пред почетокот не ни знаев дали ќе можам да се натпреварувам. Помина речиси една недела без јас да играм форхенд. Мојот прв тренинг со форхенди беше против Медведев, 24 часа откако почнав да учествувам. Не сакам да губам, но мислам дека оваа недела беше позитивна бидејќи одиграв четири натпревари под висок интензитет. Ниту мојот тим, ниту јас не мислевме дека ќе стигнеме до четвртфиналето, па сега е време за тренинзи за што побрзо да се вратиме во нормала, -истакна Шпанецот кој верува дека ќе биде подготвен за Рим.

-Имам долг пат пред мене. Постојано размислував дали чувствувам нешто чудно кога играм форхед. Морам да работам напорно во наредните денови доколку сакам да играм во Рим. Заминувам со добро чувство во стомакот, но морам да продолжам да се подобрувам. Мислам дека ќе можам да играм во Рим, -заклучи Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни