Поврзете се со нас

АТП

Медведев издржа еден сет, Лехечка стигна до прво Мастерс полуфинале во кариерата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MutuaMadridOpen

Данил Медведев се пожали на повреда на дуелот со Јири Лехечка и мораше да го предаде четвртфиналето по еден одигран сет во Мадрид.

Откако дуелот меѓу Синер и Ожер-Алиасим воопшто не се играше поради повлекувањето на Италијанецот, фановите во шпанската престолнина немаа среќа ниту со вториот четвртфинален дуел планиран за денеска.

Медведев побара интервенција уште на средината на првиот сет, а по константните проблеми, реши да го предаде мечот по крајот на првиот сет кој заврши со 6:4 во корист на Лехечка.

За Лехечка ова е најголем успех на Мастерсите, а стана и прв Чех кој стигнал до оваа фаза по Томаш Бердих, кој сега е дел од неговиот тим.

Во полуфиналето противник на Лехечка ќе биде Ожер-Алиасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни