Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна несекојдневен гол и ги импресионираше фановите, Ал Наср се пласираше во големото финале (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср е вториот патник во големото финалел на кралскиот Куп во Саудиска Арабија, откако тимот во кој лидер е Кристијано Роналдо вечерва го победи Ал Калеј со 3:1.

По вчерашната победа на Ал Хилал, денеска падна одлука кој ќе им се спротистави на „сините“ во големото финале во Кинг Купот, па одговор на тоа прашање добивме вечерва во меч во кој главната улога ја имаше Роналдо.

Португалецот постигна два гола и му овозможи на Мане да изведе пенал и да се запише во листата на стрелците, но најголемо внимание привлече со начинот на кој го отвори резултатот.

Неповторливиот голгетер постигна несекојдневен погодок со својата послаба лева нога, а притоа покажа извонредна техника и погоди со лева без точно да гледа каде е голот.

Мајсторијата на Роналдо ги воодушеви фудбалските фанови и ремек-делото беше прикажано од различни агли, а во продолжение се покажа дека истото е најава за победа од 3:1.

Мане погоди за 2:0 од белата точка, Роналдо со својот втор гол зголеми на 3:0 во вториот дел, па на крајот видовме и почесен гол од Ал Калеј преку Ал Тераис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни