Поврзете се со нас

Германија

Левандовски го испофали Анчелоти пред полуфиналето меѓу Баерн и Реал во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски имаше можност да соработува со големи тренерски имиња во Германија, бидејќи покрај Јирген Клоп, Пеп Гвардиола и Јуп Хајнкес, повеќе од една сезона учеше и од Карло Анчелоти.

Италијанецот не мина баш најдобро во Бундеслигата и после 15 месеци беше отпуштен од германскиот великан, но сепак Карлето ја освои Бундеслигата во првата сезона и со својот концепт оставил трага кај полскиот напаѓач.

Иако звучни имиња како Рибери, Робен и Милер не беа баш задоволни од методите на Карлето, Левандовски има само добро мислење за Италијанецот, а според него доказ за неговата прагматична работа се успесите во Реал Мадрид.

– Анчелоти имаше тежок период во Германија, бидејќи тоа беше нова земја и нова култура за него. Ако се врати сега во Бундеслигата, ќе знае што точно ќе треба да направи. Не е лесно да бидете тренер во Германија како странец. Ако Карло останеше малку подолго и го надминеше тешкиот период, сигурен сум дека ќе имавме победничка ера со него.

– Тој е неверојатно искусен и тоа може да се види во Реал. Играчите слепо му веруваат и го следат во секој негов чекор. Карло е фантастичен човек кој секогаш зборува многу со сите играчи. Со него имав посебно чувство, направи да се чувствувам одлично. Не само што имав самодоверба со него, сметам дека направив два или три чекори напред од соработката со нег, – изјави Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни