Поврзете се со нас

Шпанија

Добри вести за Реал: Ќе бидам подготвен за финалето со Дортмунд

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ја обезбеди втората титула во актуелнава сезона или поточно по Супер Купот на Шпанија триумфираше и во Примера.

До крајот на кампањата „кралевите“ ги очекуваат уште неколку мечеви од кои најважниот е оној на 1 јуни каде ќе имаат можност да дојдат до пехарот во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд ќе им биде противник на „Вембли“, па повеќе од јасно е дека тие ќе ја имаат улогата на фаворити со оглед на историјата, но и реално квалитетот на двата состави.

Тоа што е позитивно за Реал е дека за тој дуел најверојатно ќе добие квалитетно засилување, играч кој е стандарден првотимец кога е фит-тоа е Орелиан Чуамени. Французинот се повреди против Баерн Минхен е се стравуваше дека нема да закрепни за финалето, но самиот играч е оптимист кога се работи за оваа тема.

-Мислам дека ќе бидам фит за финалето. Ќе бидам подготвен, -порачал Чуамени за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни