Поврзете се со нас

Англија

Еден од најдобрите играчи на Арсенал: Од денес сум навивач број еден на Тотенхем! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал си ја заврши својата задача на „Олд Трафорд“ и успеа да го победи Манчестер Јунајтед со 0:1, а еден од најзаслужните повторно беше Каи Хаверц.

Германецот е еден од најдобрите играчи на Арсенал и ги демантираше сите оние кои се сомневаа во неговиот трансфер, па така вчера придодаде уште една клучна асистенција при голот на Тросар.

Акцијата од првиот дел се покажа како клучна за голема победа, по што стана јасно дека титулата во Премиер лигата и дефинитивно ќе се одлучува во последното коло.

Пред да дојде до тоа, Манчестер Сити ќе го одигра својот заостанат натперевар против Тотенхем, па сега навивачите и играчите на Арсенал мора а навиваат за најлутиот и омразен ривал од кого чекаат услуга.

– Од денес сум навивач број еден на Тотенхем. Ќе бидам најголем фан на Тотенхем на натпреварот кој ќе го играат со Сити. Сите ние ќе навиваме за Тотенхем и се надеваме на поволен исход, – искрено порача Хаверц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни