Поврзете се со нас

Светски првенства

Филмот на „Нетфликс“ откри непознат момент: Мартинез го провоцирал Мбапе со вулгарен гест уште пред пеналите (Видео)

Објавено

на

Една година по мундијалот во Катар, „Нетфликс“ промовираше филм за случувањата на Светското првенство и во фокусот ги стави капитените и лидерите на репрезентациите, па во материјалот се прикажани многу сцени кои не можеа да се видат во телевизиските преноси.

Последниот чин во Катар беше оној незаборавниот меѓу Аргентина и Франција кој заврши со изведување на пенали, но пред да дојде до тоа, удари од 11 метри се изведуваа и во регуларниот дел и продолжението.

Меси погоди еден, а Мбапе два удари од белата точка, а токму еден од оние на Французинот се наоѓа во фокусот во филмот на „Нетфликс“.

Покрај Мбапе, во центарот на вниманието е и Емилијано Мартинез, аргентинскиот чувар на мрежата кој веќе се прослави со провокациите и вулгарните потези по финалето.

Интересно, најновиот филм открива дека Мартинез го провоцирал Мбапе уште при еден од пеналите, а неговиот гест стана вирален една година подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни