Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Силва конечно се огласи за шокантниот пенал против Реал: Имав две опции

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Бернардо Силва со години наназад е еден од највлијатените играчи во играта на Манчестер Сити, па ако лани беше еден од хероите во победата над Реал Мадрид, овојпат беше еден од трагичарите на натпреварот кој се одигра во средата.

Португалецот се одлучи да бие во средина и беше прочитан од Андриј Лунин, а од тој момент почна пресвртот на Реал во пенал рулетот и до крајот психолошката предност се префрли на спротивната страна.

Утката на Силва предизвика голема дебата и меѓу англиските експерти поради фактот што навивачите на Манчестер Сити го одолговлечија враќањето на топката, па многумина сметаа дека и тоа влијаело негативно врз играчот за врска на Сити.

Бернаррдо сега конечно се огласи за оваа ситуација и го прекина молкот после неколку дена, при што призна дека речиси и не спиел првата ноќ по елиминацијата од Реал.

– Тешко е да се прифати такво нешто. Првата ноќ речиси да не спиев, втората беше малку подобро, а третата беше веќе добро. Тоа е фудбалот, мора да се носиме и со вакви тешки емоции. Да бидам искрен, имав две опции. Или да шутирам на страна, или во средина. Чекав потег на голманот Лунин, сакав да шутирам втор или трет, за да видам како ќе реагира.

– Тој тргна предвреме на првиот пенал и затоа мислев дека средината е добра опција. Во моменти под притисок, голманите во 99 проценти од случаите бираат страна. Тој овојпат реши да не го направи тоа и секоја чест за него, – изјави Силва кој добил поддршка од сите соиграчи.

– Ние сме како семејство, како браќа, начинот на кој се поддржуваме е неверојатен. Сите момци беа неверојатни со мене изминативе неколку дена, – откри Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни