Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер се јави со реакција по промената на термините во Купот: Се нарушува регуларноста на натпреварувањето…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометната федерација на Македонија денеска ја информираше јавноста дека по барање на клубови учесници во завршниците од КУП натпреварувањето, направена е промена во распоредот.

На оваа одлука на РФМ се огласи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер кој смета дека на овој начин се се нарушува регуларноста на натпреварувањето и прашуваат дали со ова се навестува нерегуларна завршница или некоја екипа мора да го освои Купот на Македонија?

Ова е соопштението на битолчани:

-РК Еурофарм Пелистер е изненаден од неочекуваната промена на термините на полуфиналните натпревари од завршницата на Купот на Македонија во ракомет.
-За првпат во повеќе од три децении завршница на Купот на Македонија во ракомет се случува промена на веќе регуларно извлечени термини за одигрување на натпревар (извлекувањето беше јавно). Со ваквата одлука се нарушува регуларноста на натпреварувањето и се прави непријатен исклучок каков што не е регистриран никаде во светот кога е овој тип на натпревари во прашање.
-Со оваа одлука јавно прашуваме дали се навестува нерегуларна завршница или некоја екипа мора да го освои Купот на Македонија? Нашето незадоволство го објавуваме јавно, бидејќи од претходните искуства научивме дека на писмено доставените прашања до Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) не добиваме никаков одговор.
Ова е комплетниот распоред за Куп завршниците во машка и женска конкуренција:

Машка конкуренција :

  • 16.05.2024    19.30 часот РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961
  • 17.05.2024          19.30 часот     ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
  • 19.05.2024          19.00 часот     ФИНАЛЕ

 

Женска конкуренција :

  • 16.05.2024           17.00 часот      ЖРК КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
  • 17.05.2024           17.00 часот      ЖРК ВАРДАР – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
  • 19.05.2024           16.00 часот      ФИНАЛЕ
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни