Поврзете се со нас

Англија

Мојс си заминува од Вест Хам на крајот на сезоната: На мојот наследник…

Објавено

на

Foto:twitter.com/WestHam

Искусниот шкотски стратег, Дејвид Мојс си заминува од Вест Хем по крајот на оваа натпреварувачка кампања, потврди клубот од англиската престолнина.

Мојс од 2019 година е на оваа функција на која му го донесе најголемиот успех на клубот од 1980 година-тоа е трофејот во Конференциската лига на УЕФА.

Во неговото време Вест Хем двапати обезбеди пласман и во топ седум во ПЛ, а „чеканите“ играа во четвртфинале и полуфинале во Лига Европа.

-Би сакал да им се заблагодарам на сите играчи за поддршката и за сите успеси што ги постигнаа во последните четири и пол години. Навистина уживав да работам со сите во Вест Хем и би сакал да и се заблагодарам на управата што ми даде можност да управувам со овој голем клуб.

-На мојот наследник, директорите, играчите, персоналот, навивачите и на сите во Вест Хем му посакувам се најдобро во иднината, -порача Мојс.

Се очекува Хулен Лопетеги да биде именуван за негов наследник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни