Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Роке ја запали каталонската јавност: Или ќе добие шанса од Чави, или……

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Витор Роке пристигна како големо зимско засилување за Барселона и се очекуваше да реши дел од проблемите кои ги имаше Чави Ернандес во нападот, но наместо тоа, Бразилецот се претвори во играч плус кој во последно време не добива ниту вистинска шанса.

Напаѓачот не одигра ниту една минута на последните четири меча и тоа е јасен сигнал дека Чави не верува премногу во неговите квалитети, а бидејќи се поголем притисок прават и медиумите, сега се огласи и агентот на Роке кој целата вина ја префрли кај тренерот на Барса.

– Секогаш ги гледам антпреварите на Барселона и навистина сакам да го правам тоа. За жал, во последно време малку страдаме поради тоа што се случува со Роке. Витор заслужува многу повеќе минути и никој не може да разбере зошто не го добива тоа. Чави во ниту еден момент нема зборувано со мојот фудбалер и не ја разбирам ситуација.

– Ова не е добро за двете страни. Јасно е дека момчето треба да работи посилно и ја да чека својата шанса, но веќе имаше многу натпревари на кои можеше да добие минутажа и вистинска шанса. Чави им дава минути на Фермин, Кубарси и Јамал, а засега Роке не добива таков третман. Навистина не можам да си го објаснам тоа.

– Роке е многу силен на психолошки план и има желба да се докаже. Многу работи не одат во негова полза, но треба да добие и мир. Погледнете што се случи со Винисиус во Реал Мадрид. Потребни му беа две сезони да се аклиматизира, а тука за неколку месеци во Барселона се направи хаос за Роке. Наместо да се помогне, тука луѓето сакаат да убиваат. Разговаравме со Деко и Роке има договор со Барселона. Ја избравме Барса пред други клубови кои нудеа двојно, го направивме тоа за да игра во Барселона. Чекаме да добие шанса, но доколку не се случи тоа, нема да оди на позајмица. Тоа не доаѓа во предвид, или ќе добие минутажа, или ќе биде продаден во друг клуб. Има многу кои се заинтересирани за Витор и ден денеска, – вели агентот Андре Кари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни