Поврзете се со нас

Свет

Мекиќ и Задар се пласираа во полуфиналето во Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Задар на Адем Мекиќ успеа да ја мине првата пречка во плејофот во Хрватска, поточно избори пласман во полуфиналето.

Четата на Јусуп ја оправда улогата на фаворит во соочувањето со Дубрата и со 2-0 обезбеди место во наредната фаза. Втората победа во серијата беше остварена на гостински терен со 90:78 и тоа во дуел во кој само почетните десет минути им припаднаа на домаќините, а потоа се си дојде на свое место.

Лука Божиќ беше лидер со 23 поени, 6 скока и 4 асистенции, македонскиот репрезентативец Мекиќ пак за 11 минути на паркетот реализираше 7 поени, собра 3 скока, забележа 1 асистенција и украде 1 топка.

Нареден ривал на абалигашот ќе биде подобриот од Цедевита Јуниор-Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни