Поврзете се со нас

АБА лига

Звезда со петта победа во низа над Партизан дојде на дофат од титулата

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Црвена Звезда очигледно го пронајде рецепетот за Партизан и во овој момент се претвори во „црна мачка“ за лутиот градски ривал, над кого вечерва ја оствари и петтата победа во низа во 2024-та година.

„Црвено-белите“ остварија втора победа во финалната серија и оваа денеска беше доста посигурна од онаа пред два дена, бидејќи домашниот тим водеше речиси 30 минути на средбата која се играше во „Пионир“.

Партизан ја доби само првата четвртина и после му дозволи на домашниот тим да го диктира темпото, а во првото полувреме клучен играч на теренот беше Недовиќ кој постигна 21 поен за 17 минути на паркетот.

Недовиќ беше лидер на домаќините во оваа фаза од мечот, па иако во продолжение не постигна ниту еден поен, учинокот од првиот дел беше доволен за да биде убедливо најефикасен кошаркар на паркетот.

Во вториот дел, Парртизан имаше мала предност од еден поен во третата четвртина, но Звезда се одлепи на плус 11 во самиот финиш и на крајот лесно славеше со 80:73 за втора победа и предност од 2:0 во финалната серија.

На овој начин, избраниците на Сферопулос се на дофат од титулата во АБА лигата, натпреварување во кое бранител на трофејот е всушност Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни