Поврзете се со нас

АБА лига

Обрадовиќ: Навикнат сум да ме навредуваат – убава слика!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан не успеа да направи брејк и загуби од Црвена Звезда со 85:82 во првата средба од финалната серија во АБА лигата.

„Црно-белите“ беа конкурентни, се бореа од првата до последната минута, ама го немаа тој завршен удар за да дојдат до славје на теренот на противникот.

Тренерот на гостите, Жељко Обрадовиќ беше задоволен од изданието на неговите играчи и покрај поразот, а воедно имаше и краток коментар за атмосферата во салата „Александар Николиќ“.

-Немам ништо ново да кажам. Навреди за време на целиот натпревар. Навикнат сум. Нивно право. Мора да се концентрираме на нашата игра. Прекрасна слика кога гледаш толку многу навивачи, секоја чест, -истакна Обрадовиќ.

Втората средба е закажана за утре од 19:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни