Поврзете се со нас

Лига Европа

Гасперини по историскиот успех на Аталанта: ТВ компаниите не посакуваа вакво финале

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта убедливо славеше на дуелот со Олимпик Марсеј и си го обезбеди првото европско финале во клупската историја, закажувајќи натпревар за трофејот против германскиот првак Баер Леверкузен.

Италијанскиот состав уште еднаш издоминира со својот офанзивен стил на игра и без проблеми го потврди пласманот на завршниот натпревар, а тренерот Џан Пјеро Гасперини истакнал дека ваквите резултати им даваат надеж на малите клубови кои немаат голем број навивачи низ целиот свет.

– Веројатно финалето со Баер нема да ги направи најсреќни тв компаниите кои ги имаат правата, но им дава надеж на многу мали клубови.

– Ова е потврда дека можеш да играш добар фудбал иако немаш милионска армија фанови низ цел свет, фудбал е и она што го видоа овие 14.000 фанови вечерва во Бергамо, – рекол Гасперини, кој ја искористил ситуацијата за да испрати критики на сметка на клубовите кои најавуваат Супер лига.

– Ако статистиката вели дека Супер лигата е неопходна, примерот на Аталанта дава надеж дека не е се загубено. Фудбалот е игра во која статусот се заработува со резултати, а не според некоја наследна генетика, – рекол тренерот на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни