Поврзете се со нас

Европски првенства

Моќно издание: Блескавата Македонија ја понижи Полска на нејзин терен

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација издвојува убедлив триумф над Полска од 96:71 во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Нашиот национален тим одигра брилијантен меч во Сосновиец и издвојува триумф од дури 25 разлика. Уште во првата минута останавме и без услугите на капитенот Војдан Стојановски (повреда), но и покрај тој сериозен хендикеп покажавме знаење, квалитет, потенцијал и ја разбивме домашната селекција.

Првиот дел го завршивме со 47 поени, вториот со 49 што јасно говори колку бевме расположени за игра во ова соочување. Димитријевиќ беше во фокусот со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции, центарот Хап додаде 19 скока, 7 скокови и 5 асистенции, а двоцифрени беа уште Ѓуроски и Маслинко со 17 и 10 кошеви.

На другата страна Михалак и Соколовски искомбинираа 35 поени.

Во следниот „прозорец“ во ноември Македонија има две средби со Литванија, селекција која денеска загуби од Естонија со 65:59.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни