Поврзете се со нас

Шпанија

Ѓулер стрелаше, Реал го освои Сан Себастијан (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/marca

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа над Реал Сосиедад од 1-0 во премиерниот натпревар од 33. коло во шпанската Примера.

Гостинскиот тренер Карло Анчелоти ги измеша картите, настапи со комбиниран тим, но тоа не беше пречка неговиот тим да дојде до трите бода, односно успешно да го положи последниот испит пред полуфиналното соочување со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Лидерот ја искористи најголемата шанса која дојде во 29 минута кога Карвахал испрати топка која Ѓулер ја смести во мрежата на Ремеро.

Сега Реал има 14 бода повеќе од второпласираната Барселона која во оваа рунда ќе ја пречека Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни