Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Енрике ќе тргне со класичен напаѓач, Терзиќ не ја менува победничката екипа (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Вечерва ќе го дознаеме првиот патник во финалето на Лигата на шампионите, а тоа ќе биде Пари Сен Жермен или Борусија Дортмунд.

Бундеслигашот го одбрани својот терен и минатата седмица славеше со 1-0, поточно со предност ќе го започне вечерашниот реванш за кој тренерот Терзиќ не се одлучи да направи ниту една промена, поточно ќе тргне со истите единаесет кои стартуваа на „Сигнал Идуна Парк“.

Кога се во прашање пак домаќините и тренерот Енрике тука има една значајна промена, ПСЖ ќе тргне со класичен напаѓач со Рамош кој го менува Баркола кој е на клупата, поточно Португалецот заедно со Мбапе и Дембеле ќе бидат најголема опасност за Кобел.

И во одбраната има една промена, ама таа е принудна и веќе ја видовме на првиот меч во првото полувреме кога местото на повредениот Ернадес го зазема Бералдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни