Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола има одлучено кој клуб ќе го води наредната сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола веќе долго време е во Манчестер Сити, поточно тоа е клубот во кој најмногу се задржа во досегашната тренерска кариера.

Оствари огромни успеси со „граѓаните“, до крајот на сезоната може да донесе уште две титули (Премиер лигата и ФА Купот) и соа тоа само да ја продолжи импресивната низа на резултати.

Околу него се распрашувал Баерн Минхен кој е во потрага по нов тренер, наследник на Томас Тухел, потрага која оди тешко со оглед на тоа што досега бунделсигашот беше одбиен од Алонсо, Тухел и Рангник…па се бара друга опција која дефинитивно нема да биде ниту Гвардиола.

-Пеп го има Баерн во срцето, но не сака да го напушти Манчестер Сити ова лето. Тој е многу среќен и има договор до 2025 година. Враќањето во Баерн не е опција, -порачале од тимот на Пеп за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни