Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Секој што разбира ракомет, знае каков ривал имаме пред себе

Објавено

на

Селекторот Кирил Лазаров пред четири дена го објави дефинитивниот список од 20 играчи на кои ќе смета за бараж дуелот со Фарски Острови, а денеска нашира ракометари го имаа првиот собир пред најавениот двомеч.

Двата натпревари ќе откријат дали Македонија е доволно квалитетна за да го продолжи својот континуитет со играње на големи натпреварувања како Светско првенство, па иако влегуваме како фаворити на хартија, јасно е дека Фарски Острови е селекција која е во подем во ракометна смисла.

Поради тоа, Лазаров смета дека треба да бидеме многу претпазливи и концентрирани, бидејќи според негови проценки ќе гледаме два неизвесни дуели.

– Уште по извлечената жрепка во јануари, самите кажавме дека можеби не добивме атрактивен рирвал, но Фарските Острови се многу незгодни и бележат постојан напредок неколку години наназад. Тие што го познаваат ракометот, знаат дека ова е една сериозна репрезентацијата.

– Станува збор за ривал кој од година во година покажува голем напредок, па мора да имаме голема почит кон нив. Мораме да останеме максимално фокусирани и да се пррикажеме во наше најдобро светло. Фокусот треба да биде на нашата игра и на првиот меч кој го играме на гостински терен. Верувам во нашите момци, клубовите ни излегоа во пресрет и ќе имаме два-три дена плус за подготовка. Тие два-три тренинзи можат да ни значат многу за овој двомеч, – изјави селекторот на денешниот краток брифинг со новинарите.

Првиот натпревар го играме на гостински терен на 8-ми мај, а реваншот е четири дена подоцна во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни