Поврзете се со нас

Македонија

Блажевски ја доби втората битка со Симиќ, „мајсторка“ ќе го одлучи патникот во Првата лига

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Екипата на Маџари издвојува победа над Шкупи од 81:70 во втората средба од полуфининалната серија во Втората македонска лига.

Избраниците на Перо Блажевски овој пат ги надиграа момците на Тони Симиќ и со тоа се изборија за „мајсторка“ во оваа битка, трет меч кој ќе го одлучи патникот во елитната домашна конкуренција.

Домашните кошаркари беа на повисоко ниво, имаа контрола на играта и резултатот и стигнаа до триумф во кој се истакнаа Карло и Паоло Блажевски со 30 и 19 кошеви.

Кај Шкупи, Димитровски беше стрелец на 25.поени

Само за потсетување  МКК Куманово под водство на Марин Докузовски веќе обезбеди билет за Првата лига.

„Доктор“ Докузовски го внесе МКК Куманово во Првата лига

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни