Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје ја доби првата полуфинална битка со ТФТ

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром издвојуваа победа над ТФТ Моцарт од 79:77 во првата средба од полуфиналето во Првата лига.

Домаќините мораа добро да се потрудат, испотат за да дојдат до посакуваниот резулат и водство во оваа серија. Гостите одлично парираа, се носеа со актуелниот првак, па и покрај тоа што загубија овој дуел може да им послужи како мотив плус, кревање на самодовербата дека можат да се носат со „металците“ и да ја направат интересна скопската пресметка.

Двоецот Стојановски, потпомогнати од Танасковиќ и Делалиќ, реализираа најголем дел од поените за екипата од Аеродром – вкупно  61 од конечните 79.поени.

Кај поразените Ташовски беше автор на 24 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни