Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски ги минал лекарските прегледи, се очекува официјална промоција во шесткратниот шпански шампион

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски долги години настапува во Шпанија, земја во која промени неколку клубови, земја во која ќе остане и во иднина со тоа што од наредната сезона ќе го гледаме во нова средина.

Тој од 2018 години ги брани боите на Рајо Валјекано, состав во кој со своите партии, изданија стекна статус на еден од најквалитетните голмани во Примера.

Актуелниот договор му истекува на крајот на јуни и истиот нема да биде продолжен, момент кој го искористи Валенсија која дефинитивно го обезбедила потписот на нашиот голман.

Повеќе извори ова го пренесуваат, а последните вести кои ги пренесе италијанскиот новинар и човек кој е „тата-мата“ кога се прашање трансферите, Фабрицио Романо велат дека Столе веќе ги минал медицинските прегледи и договорил соработка до јуни 2028 година.

Се очекува Димитривски да биде прв голман на „лилјаците“, поточно замена за одличниот Мамардашвили кој би требало да биде продаден за убава сума на пари.

Валенси е шесткратен шпански шампион, клуб со осум куп трофеи и со голема традиција во шпанскиот, европскиот и светскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни