Поврзете се со нас

Свет

Саутгејт направи избор, на поширокиот список ги нема Рашфорд и Хендерсон (ФОТО)

Објавено

на

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт го објави поширокиот список на играчи за кои ќе смета за престојниот европски шампионат во Германија.

Саутгејт се реши да повика 33 играчи, листа на која немаше место за асовите кои во изминатиов период беа стандардни на истата Маркус Рашфорд и Џордан Хендерсон.

-Тешко ми е да го оставам Хендерсон надвор од тимот, тој секогаш ми даваше поддршка. Одлучувачки фактор беше повредата што ја заработи во последниот камп. Тој пропушти пет недели и не можеше да го достигне потребниот интензитет, -рече Саутгејт кој говореше и за Рашфорд.

-Едноставно чувствувам дека другите играчи во тој дел на теренот имааа подобри сезони. Тоа е тоа, -истакна Герет кој за ЕП ќе мора да ослободи неколку играчи, поточно да дојде до бројката од 26.

Англија како загревање за ЕП ќе одигра пријателски средби со БиХ и Исланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни