Поврзете се со нас

Свет

Роналдо ќе ја предводи Португалија на ЕП, двајца играчи се родени по неговиот прв настап за националниот тим (ФОТО)

Објавено

на

Предводникот на португалската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за престојото Европско првенство кое ќе се одржи во Германија.

И на овој турнир најголема ѕвезда, лидер на селекцијата ќе биде Кристијано Роналдо кој се уште има добри настапи во дресот на Ал Наср. Покрај Роналдо кога се во прашање ветераните тука е и стоперот Пепе, но тука се и многу квалитетни имиња кои дефинитивно ја прават Португалија селекција која е меѓу фаворитите за пехарот.

Инаку во составот има и двајца играчи кои се родени по дебито на Кристијано за националниот тим во 2003 година, тоа се Антонио Силва и Жоао Невеш од Бенфика.

Четата на Мартинез во групната фаза ќе се соочи со Турција, Чешка и Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни