Поврзете се со нас

Македонија

Мојсов и Вареловски во еден глас: Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот

Објавено

на

Тиквеш имаше доста квалитетна сезона во Првата македонска сезона, сезона во која го освои четвртото место на табелата што е за голема почит со оглед на тоа што пред нив беа само Струга, Шкендија и Шкупи, клубови со далеку поголем буџет.

Меѓутоа клубот од Кавадарци може и да ја круниса кампањата и тоа со пехар во Купот на Македонија, мисија од која ги дели само еден предизвик, тест, а тоа е Воска Спорт.

Во таборот на Тиквеш се убедени дека поседуваат се што е потребно за да слават и го донесат трофејот во Кавадарци за голема радост на сите љубители на фудбалот и на навивачката група „Лозари“.

-Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот. Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин. Победникот може да го реши еден момент, грешка или инспирација на одреден фудбалер, -истакна тренерот Ѓорѓи Мојсов.

-Тиквеш има голема традиција, а сега првпат ќе играме и во финалето на Купот. Ќе дадеме се од себе, па и повеќе од тоа, за да слави цело Кавадарци. Подготвени сме, имаме позитивен притисок и навистина се надевам дека победа во финалето ќе биде круна на успешната сезона, -порача пак капитенот Александар Вареловски.

31. финале на Купот е закажано за утре од 19 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни