Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот го одбрани „Јане Сандански“: МЗТ ја доби и втората битка со Пелистер

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над Пелистер со 80:75 во вториот натпревар од финалната серија во Првата лига.

„Штрковите“ го одбранија „Јане Сандански“ и сега се на чекор од нов пехар во шампионатот, чекор кој можат да го направат на теренот на противникот со оглед на тоа што пресметката се сели во Битола.

Пелистер имаше добро отварање на вечерашниот меч и првата четвртина ја заврши со 22-16, но веќе во вториот период домаќините одиграа далеку подобро во офанзивна смисла, постигнаа 30 кошеви и на пауза заминаат со плус три (46:43).

И третиот период им припадна на избраниците на Атанасов (22:16) кои потоа го искористија своето искуство, квалитет и го затворија мечот за 2-0.

Танасковиќ забележа дабл-дабл од 16 поени и 12 скока, резервистот Делалиќ реализираше 15, а двоцифрен беше и капитенот Дамјан со 13 поени на кои додаде 6 скока и 4 асистенции.

Костоски со 17 беше најсветла точка кај поразените.

Во борбата за третата позиција, Работнички го доби ТФТ со 96:68 и ја затвори оваа серија (2-0). Ѓуроски реализираше 22 поени, Трајс и Шошкиќ имаа по 13, додека кај ТФТ Верц заврши со 14. кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни