Поврзете се со нас

Англија

Невил жали еден играч на Јунајтед: Тој има невозможна мисија во овој тим

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Расмус Хојлунд ја заврши сезоната во Премиер лигата со два постигнати гола и далеку подобри импресии, особено пред големото финале кое се игра на „Вембли“ против Манчестер Сити.

Данецот погоди на двата последни меча во домашното првенство и успеа да ја подигне самодовербата, па иако во овој втор дел од сезоната успеа да замолкне голем дел од критичарите, легендите на Јунајтед не престануваат да заклучуваат дека напапаѓачот не добил никаква помош од соиграчите.

Хојлунд самиот се избори за голот кој го постигна против Брајтон и покажа дел од магијата која го красеше во Аталанта, но Гери Невил смета дека таков калибар на фудбалер треба да добива многу поголема помош од крилата и играчите кои се зад него во средниот ред.

– Навистина го жалам Хојлунд. Веќе говоревме за потешкотиите кои ги има Јунајтед во одбранбената четворка, но истиот проблем го има и во нападот. Хојлунд едноставно не знае каков е планот во нападот, не знае дали крилниот напаѓач ќе пробие по крило, или ќе пробие во средина. Може да се види дека Хојлунд секогаш добро се движи, но крилата играат внатрешно и наместо директна игра, има непотребни пасови.

– Се додека Јунајтед не дојде до доследен план на игра, главниот напаѓач во тој тимот ќе има невозможна мисија, – заклучува поранешниот десен бек на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни