Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркес режираше спектакл во последниот круг, Мартин победи на трката во Ле Ман (Видео)

Објавено

на

Трката за Големата награда на Ле Ман донесе голема драма во Мото ГП и видовме борба на тројцата најдобри мотоциклисти во овој момент, а тоа без никаков сомнеж се Хорхе Мартин, Марк Маркес и Пеко Бањаја.

Триото возачи на Дукати потврди дека е класа за себе во однос на конкуренцијата во овој момент, но денеска возач на денот беше осумкратниот светски шампион Маркес, иако првото место го освои Мартин.

Марк стартуваше од 13-то место и мораше да се пробива со низа престигнувања за да дојде до најдобрите двајца, па откако режираше вистински спектакл, најдоброто го задржа за последниот круг.

Маркес во еден од последните обиди го мина Пеко Бањаја и актуелниот шампион мораше да го прифати поразот во овој дуел, што автоматски значи дека Шпанецот полека но сигурно фаќа залет и ја враќа шампионската самодоверба.

Ова е втор победнички пиедестал за него оваа сезона, а ако продолжи да вози со ваква форма, никој не може да го исклучи и од борбата за титулата. Дел од истата сигурно ќе бидат денешните двајца ривали кои исто така возат Дукати, со тоа што во моментов во најдобра положба е Мартин кој има предност од 38 бода во однос на Пеко и 40 во однос на Марк.

Хорхе имаше перфектен викенд во Ле Ман, бидејќи покрај денешната победа, вчера беше најдобар и на спринтот и во квалификациите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни