Поврзете се со нас

Англија

Крај на уште една приказна: Челси го „шутна“ Покетино

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Аргентинскиот стартег, Маурисио Покетино нема повеќе да го води англискиот премиерлигаш Челси, објави клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Покетино си заминува од таборот на „сините“ по само една мината сезона во која го одведе клубот до шестото место во Премиер лигата и со тоа му обезбеди излез во Европа, додека во двете Куп натпреварувања го однесе до самата завршница, финале во Лига и полуфинале во ФА Купот.

-Благодарност до сопственичката група на Челси и на спортските директори за можноста да бидам дел од историјата на овој фудбалски клуб. Клубот сега е добро позициониран да продолжи да оди напред во Премиер лигата и Европа во годините што доаѓаат, -порача Аргентинецот.

Ова за Покетино беше трето искуство во Англија, првото беше во Саутемптон, другото во Тотенхем. Во досегашната кариера беше активен уште во Еспањол и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни