Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ испорача дабл-дабл, Уникс повторно води во полуфиналната серија во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ со Уникс Казањ забележа важен триумф над Локомотив Кубањ во полуфиналната серија во ВТБ лигата.

Тимот предводен од хрватскиот стратег Велимир Перасовиќ славеше со 81:78 во петтиот меч во оваа пресметка, поточно одново води во битката, односно сега со 3-2 со што е на чекор од пласман во финалето.

Првиот дел мина во знакот на гостите (36-44), ама по паузата домашните играчи заиграа на повисоко ниво, го свртеа резултатот и запишаа триумф кој е од огромно значање.

Меѓу најзаслужните за тоа беше македонскиот репрезентативец Димитријевиќ кој забележа дабл-дабл од 22 поени и 10 асистенции, надополнет со 4 скока и 1 украдена топка. Фантастичен беше и центарот Рејнолд со 30 кошеви и 11 скока, кај поразените листата ја предводеше Андерсон со 20 поени.

Следната средба се игра во Краснодар на 19 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни