Поврзете се со нас

Репрезентација

РФМ се заблагодари, пет ракометни репрезентации ќе играат на меѓународната сцена!

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија, преку соопштение објавено на нивниот веб сајт,  упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката сениорска репрезентација во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарските Острови.

Дополнително, изразија благодарност и до оние кои ги бодреа нашите ракометари следејќи го натпреварот на малите екрани.

– Во рамки на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси и баражи, преку утврдените натпреварувачки системи на ЕХФ и ИХФ, во машка и женска конкуренција за сите различни возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на завршните турнири кои се на континентално или мундијалско ниво,- се вели во соопштенито.

На списокот се наоѓаат пет репрезентации, почнувајќи со женската сениорска селекција која ќе игра на ЕП во Австрија, Унгарија и Швајцарија (во ноември и декември оваа година), а веднаш потоа е машката сениорска репрезентација која по вчерашниот триумф се најде меѓу патниците за светското првенство што ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка (во јануари и февруари 2025 година).

Следни се младинците во двете категории, каде што девојките играат веќе во јуни на светското првенство, а момчињата (до 20 години) во Словачка на европското првенство во текот на јули. За август оваа година поместен е настапот на кадетската репрезентација во машка конкуренција (до 18 години), која ќе игра на Европското првенство во Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни