Поврзете се со нас

Атлетика

Нестварниот Дуплантис по осми пат си го урна својот и постави нов рекорд (Видео)

Објавено

на

Неверојатниот шведски атлетичар Арманд Дуплантис се приказна за себе веќе неколку години наназад, а денеска постави нова гранција која сигурно ќе се обиде самиот да ја урне во блиска иднина.

Популарниот Мондо денеска по осми пат во својата кариера си урна свој и постви нов рекорд во скок со стап, откако на дијамантската лига во Кина прескокна 6 метра и 24 сантиметри.

Откако не успеа да ја прескокне оваа граница на претходниот митинг, Дуплантис очигледно добро се подготвувал изминативе месеци, па така денеска во Џиамен постави нов светски рекорд на отворено.

Дуплантис има само 24 години и својата неверојатна низа на рекорди ја почна пред четири години, кога првпат ја надмина границата од 6 метри и 17 сантиметри.

Оттогаш, Дуплантис поставува нови стандарди во атлетиката, па за верување е дека ќе го подобри светскиот рекорд за уште неколку сантиметри во наредните неколку години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни