Поврзете се со нас

Англија

Артета одби да го потврди статусот на играчот кој стана незаменлив во стартниот тим: Ќе видиме дали ќе биде со нас следната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета направи големо изненадување изминатото лето кога по свое инсистирање го доведе Давид Раја, па иако во прв момент се чинеше дека Шпанецот ќе биде замена за Арон Рамздејл, на крајот испадна дека Шпанецот е доведен за да биде прв голман.

Раја ја доби битката со Рамздејл и неговата добра игра со нога го направи незаменлив стартер во тимот на Артета, но интересно менаџерот на Арсенал се уште не е убеден дали тој и клубот ќе ја искористат опцијата за целосен ангжаман на чуварот на мрежата.

Арсенал има договор за заем со Брентфорд до крајот на сезоната, а во овој момент иднината на шпанскиот голман се уште е неизвесна и покрај што стана незаменлив на голот на Арсенал.

– Тие конверзации ги чуваме за крајот од сезоната, тогаш ќе направиме преглед на тоа што сме сработиле. Среќни сме од Давид и се она што го донесе за тимот, но тие одлуки се носат со клубот и ќе видиме што ќе се случи, ќе видиме дали ќе биде со нас и следната сезона, – изјави Артета.

Микел на овој начин одби да го потврди статусот на својот прв голман оваа сезона, а дел од фановите на Арсенал се и доста задоволни од таквиот став на менаџерот, биејќи еден дел од навивачите не се целосно задоволни од голманските перформанси на Раја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни