Поврзете се со нас

Англија

Ривалдо прогнозираше во кој англиски великан ќе заврши фантастичниот Бруно

Објавено

на

Foto:instagram.com/rivaldo

Бруно Гимараеш се покажа како еден од најдобрите везни играчи во Премиер лигата и се покажа како полн погодок за Њукасл, клуб кој реши да инвестира голема сума на пари за играчот кој пред две години настапуваше за Лион.

Бразилецот и тоа како се докажа на највисоко ниво во Англија и се почесто се поврзува со двата најдобри тима во овој момент, а тоа се Манчестер Сити и Арсенал.

Прогнозите на англиските медиуми се дека двата клуба ќе имаат нова трка и лов за фудбалер кој игра во средниот ред, исто какошто беше случај и минатото лето за Деклан Рајс.

Англискиот репрезентативец го избра проектот на Микел Артета пред оној на Пеп Гвардиола, но Ривалдо смета дека такво сценарио нема да се повтори со Бразилецот.

– Бруно Гимараеш е поврзуван со трансфер во Манчестер Сити и Арсенал. Тој е фантастичен играч и покажа дека е извонреден и втора сезона по ред. Во денешно време, сите сакаат да играат за Манчестер Сити поради Пеп Гвардиола. Ако Бруно си замине од Њукасл, тоа ќе го направи за да оди во Манчестер Сити, – прогнозира Ривалдо како амбасадор на „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни