Поврзете се со нас

Англија

Галас посочи кој премиерлигашки клуб ќе биде најдобра опција за Мурињо

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Вилијам Галас често знае да се јави со ставови во јавноста поврзани за случувањата во Премиер лигата, а како играч кој во минатото беше трениран од Жозе Мурињо, Французинот не крие дека се уште чувствува големи симпатии кон Португалецот.

Галас стана шампион во Премиер лигата под менаџерската палка на Мурињо и доживеа незаборавни денови со него на „Стемфорд Бриџ“, па иако во последно време „специјалниот“ не е баш најатрактивен за најголемите европски клубови, Галас смета дека тој и натаму треба да биде дел од елитата.

Французинот нагласува дека Мурињо би бил идеална замена за Јирген Клоп во англиската елита, а совршено сценарио би било ако го наследи Покетино на клупата на Челси.

– Навистина се надевам дека ќе излезе шанса за Мурињо во Премиер лигата. Сакам да се врати во Англија и да води голем клуб следната сезона. Тој има нешто посебно во себе, тој е голем и специјален менаџер. Премиер лигата ќе остана без Јирген Клоп, па следната сезона големи менаџери во Англија ќе бидат само Пеп Гвардиола и Микел Артета, со тоа што овој вториот се уште нема освоено трофеј во лигата.

– Има простор за уште еден престижен менаџер, а тоа е Мурињо. Би било интересно да се гледа како Жозе би водел битки со нив двајца. Лично сметам дека најдобар клуб за него ќе биде Челси. Тоа ќе биде најдобра опција за Мурињо, но и за клубот. Мурињо ќе биде проблем за голем дел играчи во актуелниот Челси, ако се врати, сигурно ќе има големи промени, – вели Галас кој очигледно навива за трета етапа на Жозе на „Стемфорд Бриџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни