Поврзете се со нас

Италија

Рабио чека потег на Јувентус, па да одлучи за неговата иднина

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Адриен Рабио веќе пет години е дел од италијанскиот прволигаш Јувентус, но токму оваа сезона може да биде негова последна во Торино.

Договорот му истекува на крајот на месец јуни и засега нема никаков договор околу продолжувањето на соработката, односно тоа зависи од еден клучен фактор. Имено Французинот нема немара да донесе одлука за останување се додека клубот не разјасни клучно прашање и тоа околу тренерската позиција.

Ако Масимилијано Алегри го напушти Јувентус тогаш големи се шансите и Рабио тоа да го направи, поточно да ја продолжи кариерата во друг клуб.

Воедно Адриен сака да го реши статусот пред ЕП и се очекуве Јуве да седне на маса со него откако и официјално, математички ќе го обезбеди местото во ЛШ.

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед покажува интерес за фудбалерот од средината на теренот, па со добра понуда ќе се обиде да го привлече на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни