Поврзете се со нас

Свет

Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Mario_Gomez

Месут Озил веќе некое време е во фудбалска пензија, а откако ја остави топката и копачките комплетно се промени и денеска изгледа многу поинаку од времето кога беше активен на зелените терени.

Тој сега има ставено многу мускулна маса, доста време минува во теретана и повеќе го нема слабиот Озил. За многумина оваа трансфермација на поранешниот германски репрезентативец е големо изненадување, група во која се и неговите колеги како што е Марио Гомез.

-Му се восхитувам како му успева. Сепак, јас сум поддржувач на средината затоа што сум доживеал осцилации во двете насоки и знам дека крајностите не водат до ништо добро. Не знам која е неговата цел.

-Не е за мене, ама тоа не е поентата. Кога ќе завршите кариера во која сте фалени и храбрени со години, природно е да го барате она што ве исполнува. Месут изгледа тоа го нашол во теретана. Играше со Роналдо и можеби мисли: „Сега имам време да станам мал Кристијано, -порачал Марио во подкастот на „Билд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alper Aksaç (@alperaksacofficial)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни