Поврзете се со нас

Свет

Мурињо нема дилеми: Тој е способен да биде тренер на секоја топ екипа

Објавено

на

foto:twitter.com/ukra_monteiro

Жозе Мурињо е еден од постарата гарда на тренери кои се присутни, но кои веќе не блескаат, светат како во некои други, поблиски или подалечни времиња.

Меѓутоа Жозе и понатаму не се откажува и смета дека може да му биде корисен на фудбалот, но во исто време е свесен дека доаѓаат некои нови имиња кои се промовираат, наметнуваат и стануваа се поинтересни.

Таков е случајот со Рубен Аморим кој одлично си ја врши својата работа во Спортинг Лисабон, успешна работа која беше приметена од останатите и како што стојат работите може лесно да го водиме во Премиер лигата во летниот преоден рок.

Тој беше сериозна опција за Ливерпул кој на крајот се одлучи за Арне Слот, но Рубен е поврзуван и со клубови како Вест Хем, Челси…

Мурињо смета дека сонародникот е спремен, подготвен да води било кој тим од било која топ лига на светот.

-Тоа е исто така прашање на кое не треба да одговорам, но што да ви кажам? Ми се допаѓа [Аморим] како личност, ми се допаѓа како тренер. Мислам дека е способен да тренира во која било лига и способен да тренира во секој клуб. Ама тој е во добра лига и во голем клуб. Тоа е негова одлука и ќе зависи, или не, на клубовите кои го сакаат или не го сакаат или сакаат да го убедат, со повеќе или помалку аргументи, -порача „специјалниот“.

Рубен од 2020 го води клубот од Лисабон со кого има договор до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни