Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонскиот дрес е меѓу најубавите во историјата на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Ова лето се игра Европското фудбалско првенство на кое домаќин е Германија, настан на кој за жал нема да ја гледаме македонската репрезентација.

Ние бевме учесник на претходниот шампионат каде настапивме со дресови кои едноставно ги импресионираа фановите, а уште еден доказ, потврда за тоа е листата која ја објави познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“.

Имено беше објавена Топ 10 листата на најубави дресови на европските првенства, листа на која македонскиот е на петтата позиција.

-Знамето на Македонија со светло жолто сонце и зраци на црвена позадина е едно од најлудите во светот, така што беше сосема правилно што фудбалската репрезентација повеќе од суптилно го аплицираше на нивниот дрес на ЕУРО 2020, нивното деби на големите турнири.

-Германскиот бренд „Јако“ никогаш нема да биде најкул производител на дресови, но никој не им го одзема овој брилијантен дрес кој на себе го носеше најголемиот играч на Македонија, Горан Пандев“, стои во написот за нашиот дрес, -стои во објаснувањето.

Број еден е дресот на Холандија од 1988 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни