Поврзете се со нас

Пливање

Поп Ацев се јави со емотивна порака откако не успеа да стане петтиот Македонец кој го препливал Ламанш (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/evgenij.acev

Евгениј Поп Ацев со години наназад е симбол за маратонското пливање во нашата земја и успешно ја претставуваше Македонија во светски рамки, а дури и во моменти кога не е во најдобра форма, популарниот Генчо се реши на еден неизмерно тежок предизвик.

Поп Ацев се обиде да стане само петтиот Македонец кој го препливал каналот Ламанш по Атина Бојаџи, Нико Нестор, Кирил Билбиловски и Томи Стефановски, но за жал лошите услови и ладната вода не дозволија да видиме успешно сценарио.

Евгениј го сподели сето свое искуство преку Фејсбук профилот и испрати порака до сите кои го поддржуваат во неговата богата кариера, во која три пати беше и светски шампион.

– Денес пробав да го испливам Каналот Ламанш и не успеав во тоа. Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето, сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам. Имав голема желба и сила и добро пливав, но ладната вода ме победи, т.е. го победи моето тело кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода. Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех, сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство ( макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав. Многу сум благодарен на сопругата Алана на Капетанот и тимот на бродот за големата помош и за брзата и правилна реакција за да не се случи нешто пострашно. Исто така огромна благодарност до моето семејство, блиските и сите во Македонија кои отсекогаш ме поддржувале и храбреле поготово во вакви тешки моменти.

– Тешки две години беа ова за мене што се однесува на пливањето и мислам дека ова е најтешкиот момент, но можеби и најсилен знак. Премногу го сакам овој спорт и тешко ми е да се отргнам од него, па некако ги игнорирав сите знаци и совети и повеќе го слушав срцето наместо телото и разумот да продолжам. Имам толку убави спомени, успеси , емоции, искуства и познанства, и тоа се додека ја претставував својата земја на светско ниво. Тоа е најголема чест и задоволство за еден човек и е најголемата убавина на спортот. За тоа ќе сум вечно среќен и задоволен, тоа што ја имам доживеано таа убавина без разлика што ќе донесе следниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни