Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го освои „Јасмин“ и закажа полуфинале со Работнички

Објавено

на

Екипата на Пелистер со перфектни 3-0 ја затвори четвртфиналната плејоф серија против Еуро Никел во Првата лига.

„Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во првите два натпревари, додека пак денеска го освоија домот на противникот, славеа во салата „Јасмин“ со 79:69 и со тоа официјално обезбедија пласман во полуфиналето во кое ќе ги одмерат силите со Работнички кој му „даде метла“ на тимот на Феникс.

Битолчани беа предводени од Планиниќ со 19 поени, македонските репрезентативци Маслинко и Магдевски уфрлија по 18, а Мијовиќ застана на 14 кошеви, 2 скока, 3 асистенции, но и загуби 6 топки.

Кај домаќините за кои ова беше последниот сезонски меч, Дубински беше прво име со 17 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни