Поврзете се со нас

Англија

Независниот панел потврди: Нотингем бил оштетен за пенал во дуелот со Евертон

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFFC

Нотингем Форест подигна голема прашина со жестокото соопштение по поразот од Евертон, а со кое екипата која се бори за опстанок во Премиер лигата обвини за голем „грабеж“ од страна на судиите.

„Шумарите“ тврдеа дека судијата Ентони Тејлор не досудил три пенали за време на натпреварот, а независниот панел кој ги анализира натпреварите, денеска потврди дека Нотингем требало да добие еден од тие три пенали.

Панелот утврдил дека поранешниот европски првак требало да добие пенал по стартот на Јанг над Хадсон-Одои и тоа била единствената сериозна грешка на Тејлор и неговите асистенти од ВАР собата.

Инцидентот се случи во 55. минута, а до крајот Евертон го доби натпреварот со 2:0, а бодовите имаа посебно значење бидејќи беа остварени во директен дуел со екипа која исто така се бори за опстанок.

Нотингем допрва ќе добие казна за соопштението, во кое меѓу другото го обвини и ВАР судијата Стјуарт Атвел дека е фан на Лутон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни