Поврзете се со нас

Шпанија

Нестварната статистика на Гулер го шокираше и Анчелоти: Сите се уверивме во едно нешто! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Арда Гулер навистина мораше да чека долго за да дочека вистинска шанса во Реал Мадрид, а финишот од сезоната се покажа како вистинска прилика за суперталентираниот турски фудбалер.

Карло Анчелоти целосно му се довери на Турчинот откако Реал Мадрид ја потврди шампионската титула во Ла Лига, па иако младиот Арда доби симболична минутажа кога е цела сезона во прашање, неговиот скор пред голот е неверојатен.

Гулер вчера постигна два гола во неверојатниот натпревар со Вилјареал кој заврши 4:4, а со тоа го продолжи стопроцентниот учинок кој го има пред противничките голови.

Арда има постигнато шест гола со шест испратени удари кон противничките мрежи во Ла Лига, па и покрај тоа што е еден од играчите со најмала минутажа, вчера се претвори во четврти најдобар стрелец за Реал оваа сезона.

– Арда е неверојатен. Колку е поблиску до голот, толку е подобар. Сите се уверивме во едно нешто, се уверивме дека е неверојатно ефикасен. Постигна толку многу голови со малку испратени удари. Има специјален талент и истиот посебно доаѓа до израз кога е поблиску до противничкиот гол, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни