Поврзете се со нас

НБА

Гобер еуфоричен: Неверојатно е чувството да се победи Јокиќ

Објавено

на

Foto:x.com/Timberwolves

Минесота се врати од минус 20 на „мајсторката“ против Денвер и се избори за голема победа во полуфиналето на Западната коференција, па така „волците“ си закажаа финална битка со Далас.

Тимбервулвси славеа со 98:90 и ставија крај на надежите дека Денвер ќе ја одбрани титулата во НБА лигата, а клучен фактор во оваа серија на крајот се покажа страшната игра на Минесота во одбрана.

Руди Гобер како најдобар дефанзивец беше лидер на својот тим во важниот кошаркарски сегмент, па тој беше и еден од најрадосните откако неговиот тим оствари триумф против актуелниот првак и најдобриот кошаркар во НБА лигата.

– Неверојатно е чувството да се победи ваков тим. Денвер е шампионски тим, со најдобриот играч во светот. Неверојатно е чувството да се победи Јокиќ, навистина е многу добро, – порача Французинот.

Гобер го заврши мечот со 13 поени, 9 скокови и 2 блокади, а запиша и една асистенција и една украдена топка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни