Поврзете се со нас

Шпанија

Фановите на Барса избраа страна во конфликтот „Чави-Лапорта“, тренерот ги смирува страстите

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го победи Рајо Валјекано со 3:0 и го обезбеди второто место на табелата, но конечниот резултат беше најмалку битна тема во Каталонија по крајот на мечот.

Причина за тоа е разгорената атмосфера во клубот која настана по искрената изјава на Чави Ернандес, кој пред натпреварот со Алмерија посочи дека Барселона во овој момент не може финансиски да се носи со Реал Мадрид и другите европски клубови, поради што не планира да дава лажни надежи за фановите во пресрет на новата сезона.

Ваквиот став на Чави го налути Лапорта и медиумите почнаа да зборуваат за шокантен отказ за тренерот, а бидејќи настанатиот конфликт дојде само три недели по договорот за продолжување на соработката, навивачите на клубот останаа разочарани од мандатарот на клубот.

Фановите на Барса вчера го исвиркаа претседателот Лапорта и му дадоа голема поддршка на тренерот Чави, со што јасно ставија до знаење на чива страна се во дадениот случај.

– Не ми се допаѓа кога фановите свиркаат човек кој е поврзан за клубот, без разлика дали е играч, тренер или претседател. Јас сум искрен и сакам поддршка за сите во клубот. Секогаш сум емотивен кога го скандираат моето име, но не сакам да го свиркаат претседателот.

– Се уште има голема меѓусебна доверба меѓу нас, пријателскиот однос останува ист. Ги сфаќам вестите и хаосот кој се направи, но не сум добил никакво соопштение од клубот. Довербата се уште е тука, претседателот секогаш бил искрен и се надевам дека така и ќе остане. Никој не ми кажал дека мојата ситуација во клубот е променета, – изјави Чави по мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни