Поврзете се со нас

Свет

Вирално видео: Матео Меси му одржа фудбалска лекција на синот на Суарез

Објавено

на

Интер Мајами го победи Ди-Си Јунајтед во наптревар кој заврши 1:0, па иако Лео Меси не забележа некој позначителен потег на оваа средба, неговиот син се погрижи агентинското презиме да биде едно од најбараните на социјалните мрежи.

Матео Меси веќе во неколку наврати покажа дека важи за најталентиран син на Лео кога е фудбалот во прашање, а тоа на своја кожа го почувствува и синот на Луис Суарез.

Фановите на Интер Мајами успеале да снимат уникатна сцена од теренот, каде двајцата синови на Меси и Суарез се погрижиле за ситуација која стана вирална.

Бенџамин Суарез беше првиот кој се обидел да му продаде „тунел“ на Матео, но потоа добил вистинска дрибилинг лекција од помладиот другар, која сега стана една од најсподелуваните на „Икс платформата“.

Матео дефинитивно привлекува внимание со своето елегантно движење и контролата на топката, па дефинитивно постојат големи шанси да ги следи стапките на својот татко во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни