Поврзете се со нас

Формула 1

Норис го „надмудри“ Ферстапен и ја оствари првата победа во Формула 1

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/McLarenF1

Ландо Норис ја оствари првата победа во својата Формула 1 кариера, триумфирајќи на возбудливата трка во Мајами.

Пилотот на Мекларен максимално го искористи потенцијалот на надградениот болид, како и ситуацијата на активирање на безбедносното возило при која обезбеди предност на патеката, по што во следните 27 круга го остави без одговор најголемиот ривал Макс Ферстапен.

Актуелниот светски шампион во Ф1 овојпат мораше да се задоволи со втората позиција, додека победничкиот подиум го комплетираше Шарл Леклер од Ферари.

До десеттото место се пласираа Саинц, Перез, Хамилтон, Цунода, Расел, Алонсо и Окон.

Во генералниот пласман Ферстапен останува на врвот сега со 136 поени, следуваат Перез со 101 и Леклер со 98 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни